Browse By

Advertising

Богат Саудиец ја врзал слугинката за дрво затоа што направила грешка

Слугинката на едно богато семејство во Ријад била врзана за дрво затоа што го оставила мебелот на сонце, објави „Дејли мејл”.

Дваесет и шестгодишната Филипинка Ловли Акоста Баруло неколку месеци работела за ова семејство во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Но, еден ден направила грешка, оставила дел од скап мебел на сонце, па работодавачите се налутиле.

Нејзина колешка, Филипинка која исто така работела кај истото семејство, ја фотографирала и ги објавила сликите.

Филипинското Министерство за надворешни работи веднаш реагирало. Тоа соопштило дека е запознаено со сотојбата за кршењето на работните права и помогнало мајката на две деца да се врати дома.

Жената која тврди дека е вработена од истите работодавци како Баруло го информирала министерството и побарала помош, тврдејќи дека нивниот работодавач, наводно, ги казнувал за секоја грешка.

-Им благодарам на сите што помогнаа. Би сакала да им помогнам и на сите Филипинци кои останаа да работат таму. Тие ми помогнаа и ги објавија фотографиите. Се плашам за нивната безбедност, изјави Акоста за „Дејли Мејл“.

Се проценува дека 2,3 милиони Филипинци работат на Блискиот Исток и Африка. Повеќе од половина се жени. Многу од нив се жалат на понижување и експлоатација на нивните работни места.