Browse By

Advertising

ВЕЛИЧЕНСТВЕНО! Никола од Битола и Рената од Скопје во мијачки носии направија традиционална венчавка во Бигорскиот манастир – Фото галерија која освојува срце и душа

Никола од Битола и Рената од Скопје, пред неколку денови запловија во заеднички брачни води, а заветот за вечна љубов, почит и разбирање, овие млади луѓе го дадоа во Бигорскиот манастир облечени во мијачка носија. Една несекојдневна венчавка која зрачи со посебна убавина, со македонски печат, нешто кое се ужива да се гледа и што е вистински вечен спомен.

На нашето прашање како реагирале нивните најблиски, роднини и пријатели, Никола вели: “Не сите знаеа каков ќе биде концептот и среќата што бликаше од нивните лица им беше неизмерна”.

За блескавите фотографии кои гушкаат срце и душа, се погрижија од “ЗАГА ПРОДУКЦИЈА”. Сите нивни ремек дела можете да ги погледнете на следниот линк: http://zagaproduction.com/