Browse By

Advertising

Весна Бејби за Тамара: Тоа малечко девојченце има добиено многу битки, многу солзи но и неверојатна желба да биде најдобра

Има многу работи кои сум и ги кажала на малата Тамара, таа секогаш ќе биде за мене малечка и ранлива. Од мало девојченце…знам дека и значи секој миг поминат на сцена и го живее тоа. Знам дека ќе растури оти е моќен и силен вокал. Тоа малечко девојченце има добиено многу битки, многу солзи но и неверојатна желба да биде најдобра. Биди горда на секоја лузна која ќе остави белег во твоето срце, секоја има порака која ја препознаваш.

Сигурна сум. Со тебе сум постојано и те мислам – напиша актерката Весна Петрушевска пред вечерашниот настап на Тамара Тодевска која годинава не претставува на Евровизија.

И актуелниот директор на Националниот aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, Мартин Вучиќ, по првата полуфинална вечер на Евровизија во Израел, се огласи на својот Фејсбук профил со статус посветен на големиот музички натпревар.

Тој напиша статус со поддршка до Тамара Тодевска, а не само што и поласка дека е маестрално пеачиште, туку и прогнозираше дека на останатите претставници кои ќе пеат во иста вечер со Тамара, ќе им биде особено тешко.

Еве вака…Јас утре вечер сакам да им дадам поддршка на 17-те други земји учеснички затоа што нив ќе им биде пеколно тешко да се носат со гласот и песната на нашата Тамара Тодевска. Верувајте од лично искуство го зборувам ова…Особено тешко ке и биде на последната земја претставничка бидејки ке треба да го превземе микрофонот што нашата “баба рога”пејачиште ке го предаде…Mислам дека не е многу скап покривот за Арената во Скопје GO GO GO… „Proud“- порачува Мартин Вучиќ.

Инаку, Мартин ја претставуваше Македонија во Киев во 2005 година со песната „Ти си сон“ или „Make my day“.