Browse By

Advertising

ВИДЕО: Игор Џамбазов со честитка за Денот на независноста на Република Македонија

Стиснете ги тревките
неа ќе ја исцедите.

Наслонете се врз каменот
името ќе и го чуете.

Симнете се во рекине
дното со неа ќе ве почести.

Легните да починете
и ноќта со неа ќе ве покрие.

На овој даб името ќе ти го напишам
дождовите да го симнат
жедните в земја
да ги напоиш.

На оваа нива грутка од тебе ќе посеам
класатка да никне
со неа внучињата да ни ги нахраниш.

На овој рид че те оставам
и кога ќе заминам
пак ќе те гледам

Голема.

Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце
Децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градините

Еве ја таа проста земја
од пајажина
и од води
Мудро слободата кај што ги запишува

селските имиња
Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат

Еве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молк

Низ која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.

О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски

А никој не ја знае.

Честит 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија