Browse By

Advertising

Во Скопје отворен барот „Umbrella“ во кој работат лица со попреченост

Од синоќа почна со работа новиот бар „Umbrella“ во Градскиот трговски центар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост. Ова е еден од ретките случаи каде идејата е поттикната од сопственик на локал. Во оваа иницијатива е вклучен и Филозофскиот факултет.

Еден од вработените е младиот Филип. Тој вели дека се чувствува убаво кога работи и дека вака е повеќе почитуван меѓу луѓето.

На отворањето присуствуваа огромен број граѓани кои дадоа поддршка на идејата.