Browse By

Advertising

Дали сте родени во Југославија? Овој текст ќе донесе солзи на вашите очи…

Ова е за сите оние кои што се родени во 1950-те, 60-те, 70-те и 80-те… Ова едноставно мора да го прочитате…

Најпрво, преживеавме и родени сме сосема нормални, иако нашите мајки кога ги болеше глава посегнуваа по аспиринот, јадеа храна од конзерва, пушеа и работеа сè до последниот ден од бременоста и никогаш не беа тестирани на дијабетес.
Како деца, се возевме во автомобили без појаси и воздушни перничиња, и не моравме да имаме кациги на главите при возење со велосипед или ролшули… Пиевме вода од црева за поливање на градините, а не од шишиња купени од големите трговски ланци. Ги споделувавме соковите со нашите пријатели и никој не умре поради тоа.

Јадевме млечни сладоледи, бел леб и вистински путер. Пиевме сокови кои што и тогаш беа полни со шеќери, но не бевме дебели затоа што постојано игравме надвор… Излегувавме од дома наутро, и игравме буквално по цел ден. Криенка, граница, ластик, каубојци и индијанци, фантоми и сè останато што само детската фантазија беше во состојба да смисли, сè додека не се вклучеше уличната расвета, која и онака не беше премногу застапена.
Неретко никој не можеше да нè пронајде буквално по цел ден, па и родителскиот шамар беше дел од воспитувањето, и сето тоа беше проследено без злоставувања во семејствата.

И никогаш немаше никакви проблеми…
Минувавме цели денови правејќи најразлични предмети од отпадот од подрумот или шупата. Неретко низ игрите знаевме и да паднеме, да ги скршиме прстите или да добиеме модринки. А потоа научивме како да постапиме за следниот пат да не се случи такво нешто.

Ние немавме имагинарни пријатели и не ги додававме пријателите, туку со текот на времето ги стекнувавме. Немавме проблеми ниту со концентрацијата на училиште.
Нам не ни даваа таблети против хиперактивност, ние немавме училишни психолози и воспитувачи, а сепак завршувавме училиште. Нам не ни продаваа дрога пред училиштето, немавме PlayStation, Nintendo, X-Box, никакви видео игри. Немавме 99 канали на телевизорот (само два, и тоа вториот дури од попладневните часови), немавме видео рекордери, surround системи, мобилни, компјутери, интернет, чет…

Ние имавме пријатели и одевме надвор и се дружевме со сите нив!
Паѓавме од дрвја, знаевме да се исечеме и на стакло, да скршиме заб, нога или рака, но нашите родители никогаш не одеа на суд поради тоа. Игравме со лак и стрела, градевме тврдини од снегот, фрлавме петарди за нова година, читавме купишта од цртани романи и сето тоа го преживеавме без последици.
Се возевме со велосипеди или одевме пешки, трчавме до домовите на пријателите, ѕвоневме на нивните порти или едноставно влегувавме во нивните домови за да се дружиме и за да бидеме заедно. Кога можеби ќе западневме во проблеми со законот, родителите не плаќаа кауција за да нè извлечат.

Всушност, самите родители често беа построги и од самиот закон!
Последните 50 години беа најплодоносни години во историјата на светот, нашите генерации и понатаму се најдобри пронаоѓачи и научници до денес.
Ние имавме слобода, право на грешки, успех и одговорност. И научивме да живееме со сето тоа!
И вие ѝ припаѓате на таа генерација?
Тогаш споделете го ова со сите останати кои што имале среќа да растат како вистински деца, пред адвокатите, државите и владите да започнеа да одредуваат како треба сите ние да живееме.
Можеби би било добро да им ја покажете оваа порака и на вашите деца, за да видат како нивните родители растеле!
Поздрав генерацијо и живели! Секој од нас е ангел со само едно крило, а да летаме може дури откако ќе се прегрнеме…
Извор: skopje24.mk