Browse By

Advertising

Да се биде припадник на ваква елитна Единица не е едноставна работa

Да се биде припадник на ваква елитна Единица не е едноставна работа, овие луѓе се нешто особено тие се ,,Најдобри меѓу најдобрите,,. Зад нив стојат поминати часови, денови ,месеци и години напорен тренинг, исклучителна ментална и физичка подготовка и искуство од многубројни извршени сложени безбедносни задачи. Во секој момент стојат подготвени за најтешките и најопасни полициски задачи. Припадниците на оваа Единица ги краси висок морал, тимски дух големо другарство и грижа еден за друг. Тимската работа и професионалноста се главни одлики на Специјалната единица, затоа со право може да се гордееме со припадниците на оваа елитна Единица на Министерството за внатрешни работи.