Browse By

Advertising

Да се радуваме малку на успех и онака ретко го имаме ..

После 7 години или повеќе имаме претставник во финалето на најголемиот европски спектакл, дефинитивно е за пофалба но многумина низ социјалните мрежи се гневни за името North Macedonia што и те како се во право, но тоа материја која е доста и политичка. Сепак ова е голем успех е за една мала земја како нас и тоа ние може да го прифатиме, а може и да не го прифатат сите имаме право мислење и слободно да размислиме за некои теми, но политиката на страна дефинитивно овие дечки работеле напорно за да дојдат до таму сепак и тоа не треба да се заоставува. Треба да бидеме горди на Тамара најнапред и да не ја мешаме политиката, да се радуваме малку на успех и онака ретко го имаме ..

Додека сме кај политика : Другата страна на сето ова е дали без политика може да се победи на Евросонг ? Мислам дека сите се свесни каде се има навлезено политиката но еве имаше и статус „Сменивме име за да победиме на Евросонг“ победата на Евросонг е најнапред промоција како што беше нели купот во Скопје кој дефинитивно и те како не испромовира но сета политика околу името е долга тема и голема апстрактна материја која секогаш ќе заврши со некој глуп аргумент како „ќе имаме иднина подобра“ што е во идно време .

Ова вечерва е успех, посебно за луѓето кои напорно работеа односно тимот на Тамара која дефинитивно заврши прекрасна работа музичкиот аспект е прекрасен, а оние кој сакаат успех а ја мразат политиката посакајте и добро на Тамара но не и на Северна Македонија, не гледам никаква потреба да се мрази девојката која прекрасно си ја заврши работата поради политика.

Македонскиот претставник на Евросонг, Тамара Тодевска се пласираше во финалето на изборот на пезна на Евровизија. Освен Македонија, во сабота во финалето ќе настапат и Албанија, Шведска, Холандија, Азербејџан, Русија, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта. Без пласман во финалето останаа Ерменија, Ирска, Молдавија,  Летонија, Романија, , Австрија, Хрватска и Литванија,

Според обложувачниците, најголеми фаворити за освојување на првото место се Холандија, Русија, Швајцарија и Италија.