Browse By

Advertising

Два животи спасени со трансплантација на бубрезите на младото момче кое починало во сообраќајка

Младо момче кое било тешко повредено во сообраќајка после мозочната смрт спаси два живота. Семејството на тинејџерот одлучило да ги донира бубрезите на двајца пациенти кои со години оделе на дијализа. После три години застој повторно на Клиниката за урологија е направена кадаверична трансплантација.

– Ваквиот хуман чин ни ја врати вербата, изјави д-р Маја Мојсова, национален координатор за трансплантација.

За разлика од родителите на починатото момче претходните обиди кај три семејства на пациенти со мозочна смрт биле неуспешни за да ги донираат органите. Министерството за здравство за од идниот месец планира голема национална кампања за подигнување на свеста за органодарителство.

Иако се споменуваат дека околу 70 пациенти се подготвени за кадаверична трансплантација, во земјава сеуште нема точен регистар на лица кои имаат потреба од бубрег од починат донор. Филипче најави и набавка на неопходните лекови како и зачленување на земјава во Еуротрансплант со што ќе можеме да разменуваме органи со други држави.

Според законската регулатива во Македонија секој е потенцијален донор, освен ако не потпише нотарска изјава дека не сака во случај на мозочна смрт органите да му бидат донирани.

Но, од друга страна граѓаните и да се согласни додека се живи, сепак после смртта последниот збор го има семејството.