Browse By

Advertising

Девојката која сака да се омажи, во четврток навечер треба да го прави овој ритуал

Според народните верувања, прстенот не го чува само бракот туку и привлекува љубов таму каде што ја нема. Ако има некаде немажена девојка, нека земе прстен и во четврток навечер нека го стави под перница. Нека остане таму до петок.

Ритуалот започнува четврток навечер (во текот на денот треба да го носите на рака), свртете се трипати во насока на стрелките од часовникот и изговорете го следното:

Господарке на љубовта, ти имаш моќ да спојуваш срца. Те молам пронајди за мене совршен маж, нека се спојат нашите срца до следниот месечев циклус.” Потоа трипати дувнете низ прстенот, па дури потоа ставете го под перница.

Откако ќе го направите овој ритуал, не треба со никого да зборувате. Наутро веднаш по станувањето, трипати свртете го прстенот во насока на стрелките од часовникот и ставете го на домалиот прст од левата рака.

Ви Честитам потрошивте 2 минути од вашиот живот за нас и оваа луда статија, ви благодариме 🙂