Browse By

Advertising

„Есенска Бура“ на „Криволак“, армиските и полициските сили извежбуваат одговор на модерните закани

Армиските и полициските специјалци заедно со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, помогнати од повеќе единици на АРМ и МВР на Армискиот полигон „Криволак“ ја изведуваат вежбата „Есенска Бура“ која има цел за унапредување на меѓусебната интероперабилност и кризниот менаџмент како одговор  на модерните закани.

Како што соопшти АРМ, денеска и утре ќе биде изведена заедничка обука на единицита на специјални задачи ЕЗС „Тигар“ и армиските „Волци“ каде ќе работат на уништување на терористичка ќелија во која ќе учествува екипа од хеликоптерската едница при МВР. Единиците од Здружената оперативна команда ќе работи воено аситирање заедно со припадниците од ренџерскиот батаљон а пропадници на ДЗС утре треба да подигнат бегалски камп.

На вежбата учествуваат околу 400 припадници од сите единици од кои 30 од ДЗС, двајца од ЦУК, 50 од МВР и 318 војници на АРМ.

Воедно со вежбата се врши тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент.


Од АРМ информираат дека ова е прва ваква вежба во која учествуваат заеднички овие единици на војската и полицијата и институции од кризниот менаџмент. Вежбата која започна на 8 ноември ќе трае до 13 ноември 2018 година, а приказ од изведените активности ќе биде организиран на денот за високи гости кој ќе се реализира на 22 ноември 2018 година.

Извор: https://sitel.com.mk