Browse By

Advertising
Loading...

За оваа руска специјална единица ретко се збори, а таа е најсурова

Регрутите во руската специјална единица “Спецназ” наводно минуваат низ страшни тренинзи и потенцијално смртоносни процеси на иницијација.

Британската истражувачка агенција “Белингкет” објавила дека еден од осомничените за случајот со труењето на поранешниот руски шпион бил еден од повисоките офицери на Спецназ.

Спецназ е дел од ГРУ – рускиот воено разузнавачки директорат и како таков важи за плодно тло за создавање на шпиони и убијци.

Меѓутоа, додека многу приказни и легенди за тренирањето на Спецназ предизвикуваат стравопочит, некои експерти од Западот тврдат дека тие само “насилници” на кои им недостасува иницијатива.

Една таква легенда се однесува на “саперка” – мал ашов кој го добива секој руски војник за копање на ровови.

Во рацете на обичниот војник тоа е само алат, но војниците на Спецназ се обучени да го користат како оружје, со чие фрлање може некого да убијат или да го користат во борба еден на еден.

Уште една од непотврдените приказни, наведува дека регрутите се заклучуваат во простории без прозорци и со бесни кучиња, вооружени само со саперка или дури и без неа, и дека тогаш им е кажано “да убијат или да бидат убиени”.

Спецназ е скратено име од рускиот израз “Спетсиалноје назхачение”, што значи “специјални намери”.

Според зборовите на Марк Галеоти, писателот на книгата “Спецназ: Руски специјални сили”, тој израз се однесува на тоа војниците да се праќаат во борба против непријателот далеку зад линиите на фронтот.

И покрај често бруталните методи вклучени во нивната обука, квалитетот на војниците не може да се спореди со британски САС или американски Делта Форс, наведува “Daily Mail”.

Од проценетите 17.000 војници во Спецназ, дури 30 проценти се и натаму почетници.

Сите регрути мора да минат низ тешки тестови за издржливост, а способноста за избегнување на бројно супериорен непријател е нивната клучна улога.

Поранешниот советски офицер Виктор Суворов напишал во една книга дека првата вечер сите регрути се претепуваат.
“Ги носат во кал боси и ги тераат да спијат во тоалети. Ги тепаат со колани, папучи – се што може да предизвика болка”, рекол тој.

Тие исто така учат и боречка вештина која се вика Самбо – и која наликува на улична борба и во неа регрутите учат да користат се што можат да најдат – скршени шишиња, улични знаци…

Суворов пишувал за регрутите кои биле напаѓани во подруми од куќи, каде ѕидовите биле прекриени со месо и крв. Тие морале да се снаоѓаат додека бегаат од кучето во тој ужасен лавиринт со препреки. Како што рекол, целта на тие вежби е војниците да се навикнат на крв.

Извор: https://tocka.com.mk/vesti/283039/kako-treniraat-ubijcite-na-putin-za-ovaa-ruska-specijalna-edinica-ne-slusnal-nikoj-a-taa-e-najsurova-dijvacki-gi-tepaat-pa-gi-frlaat-na-besni-zivotni

%d bloggers like this: