Browse By

Advertising

За разлика од нашиот премиер, претседателот на Мексико го исполни ветувањето и го продаде луксузниот претседателски авион…(Видео)

Обрадор победи на изборите на 1 јули, а ова беше негова трета предизборна трка. Тој е првиот левичарски политичар кој по неколку децении дојде на чело на Мексико.
За време на викендот се одржа инаугурацијата на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, по што и официјално ја презеде функцијата. Она со што го воодушеви својот народ е дека тој веќе почна да ги исполнува изборните ветувања.
Претседателот одлучи да го продаде претседателскиот авион, бидејќи беше премногу луксузен. Се работи за Боинг 787-8 Дримлајнер, кој владата го купила во 2012 година. Ова се случило кратко време пред поранешниот претседател Енрико Пена Ното да ја преземе власта.
Некои медиуми објавија дека авионот бил купен во 2016 година по цена од 218 милиони долари, и дека цената била зголемена откако бил преуреден и сега вреди 239 милиони долари.
Неговите ветувања за обнова беа добро примени кај гласачите бидејќи им беше доста од многу корупција, сеприсутниот криминал и мизеријата.