Browse By

Advertising

Каков човек беше Борис Трајковски ?

Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 14 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.

„Македонија се гордееше и се гордее со Борис Трајковски, кој беше човек со неверојатни морални, но и професионални вредности. Голема чест и обврска е да се носи името на овој наш претседател, па токми заради тоа СЦ Борис Трајковски постојано се труди да претставува симбол за институција која на македонскиот народ ќе донесе многу радост, и притоа ќе продолжи да биде место на големи спортски победи на македонски спортисти, тимови и репрезентации.

Нему не му требаше специјални протоколи и 350 обезбедувачи за да стигне до ВИП столчето на стадионите. Беше чист и искрен према секој граѓанин. Беше дел од нас тогаш кога требаше најмногу. За разлика од многумината преговарачи и заговарачи, ЧОВЕКОТ облече униформа и застана во прв ред на војската. Ја сакаше Македонија и немаше влакна на јазикот. Единствена црна дамка му остана потписот на и онака веќе претходно договорен Рамковен. Еден од ретките, ако не и единствен Македонски политичар зад кој нема тешки измами, фирми ќерќи и бизнис партнери.

Па можеби токму заради тоа, на денешен ден пред 14 години неговиот авион беше соборен во Босна, а подоцна тој и целиот екипаж беа дополнително атентирани.

Вечна слава јунаку! Македонскиот народ не заборава. Ќе те одмаздиме, КОГА ТОГАШ!

П.С Сликата е од 6ти Август 2003та година, кога ФК Вардар ја избаци ЦСКА Москва во 2рото кфалификациско коло за Л.Ш.