Browse By

Advertising

Колку вистини има за владеењето на Хитлер ?

Според теоретичарите на заговор, кои спојувајќи ги декласифицираните досиеја на ФБИ, Адолф Хитлер дури и по завршувањето на Втората светска војна издавал наредби. Американската влада ја испитувала можноста за бегство на Адолф Хитлер од својот бункер во Берлинна 30 април 1945 година. Според документите, кои биле запечатени за да го заштитат идентитетот на инволвираните службеници, ја истражуваат можноста за бегство на нацистичкиот лидер во Јужна Америка со германски брод две недели от како тој, наводно, се застрелал. Се верува дека овие подморници опишани како “црн чамци” превезувале голем број на нацистички службеници во Аргентина.
ХариКупер, кој со години ги проучувал шпекулациите за бегството, вели дека според податоците можат да состават, опишат, три децении на Хитлеровиот опстанок по војната.
Тој верува дека Хитлер ги користел овие бродови за да спроведе тајни мисии и да помогне во транспортот на нацистите преку Северниот Атлантски Океан.
“Откривме приказни за овие црни чамци”, вели Хари Купер во документарниот филм”Големото бегство на Адолф Хитлер” прикажан на Amazon Prime’s.
Тие биле подморници кои не постоеле на хартија, но биле користени за тајни работи, исто како што ЦИА ги користела авионите SR-71 Blackbird.
” Тие беа испратени на тајни мисии во Јужна Америка и нашите истражувања покажуваат дека сѐ уште недостасуваат неколку од нив”.
Теоретичарите на заговор често пати уживаа во идејата дека Хитлер ја преживеал војната поради бизарните околности околу неговата смрт.
Сепак, според официјалните извештаи, на Црвената армија, нацистичкиот лидер се застрелал.
Се сметало дека телото било запалено од советски војници, бидејќи остатоци од телото никогаш не биле пронајдени.

Руските власти подоцна тврдеа дека Хитлер сѐ уште е жив. Претседателот Сталин отворено му кажувал на поранешниот американски претседател Хари Труман за можноста Хитлер да е жив.
И покрај наводните знаци на ЦИА во текот на годините, истрагите предводени од Франција сугерираат дека навистина Хитлер се застрелал.
Идентификацијата на остатоци од коските на вилицата, кои биле сокриени од страна на руската тајна служба од 1940 година, сугерира дека Хитлер навистина извршил самоубиство.
Во извештајот од 2017 година објавен во Европскиот весник за интерна медицина, истражувачите сугерираат дека на германските офицери им било наредено да го запалат телото пред советските трупи да ги откријат остатоците од телото на Хитлер.