Browse By

Advertising

Кристијано Роналдо доаѓа во Македонија, по покана на ФОН Универзитет

Првиот човек на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, на својот „Фејсбук“ профил објави дека светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо доаѓа во Македонија.

„Конечно, по девет години, прифати да биде гостин на ФОН Универзитет. Наскоро, најдобрите на едно место“, пишува под фотографијата на која Цаноски е фотографиран со Роналдо.

Засега нема точен датум кога Роналдо ќе дојде во Македонија и тоа дополнително ќе биде објавено.