Browse By

Advertising

Луѓето – риби живеат меѓу нас: Чудно племе може да издржи под вода 13 минути поради ретка генетска мутација

Племето Баџао живее во југоисточна Азија и необично е по тоа што може да нурка и до 70 метри длабочина и да остане во вода дури 13 минути.

Овие „суперлуѓе“ имаат неверојатни способности, а истражувањата објаснуваат дека просто генетски се прилагодени за пливање под вода.Научниците велат дека Баџао луѓето имаа многу големи органи, што е резултат на генетски мутации, кои им овозможуваат толку долго да останат под вода. На пример, слезината им е 50 отсто поголема отколку кај обичните луѓе.

Живеат во неколку заедници ширум Индонезија, малезија и Филипини, а еволуирале така што можат да преживеат под вода. Живеат во куќи на вода, а некои експерти ги нарекуваат „странци на земјата“.Нивната слезина, покрај останатите функции, складира и црвени крвни клетки. Научниците отркиле дека врз големината на слезината кај Баџао луѓето влијае типот на ген наречен PDE10A: имено, луѓето со една копија на мутираниот ген имаа поголема слезина од нормалните луѓе, а лицата со две копии од мутираниот ден имаат уште поголеми слезини.

„Верувамде дека луѓето од племото Баџао се прилагодиле и дека го зголемиле нивото на хормонот на штитната жлезда, што предизвикало зголемување на слезината. На глувците е докажано дека зголемувањето на нивното на хормонот тиреотропин е поврзано со растот на слезината“, вели Мелиса Илардо, научник од Универзитетот во Кембриџ.