Browse By

Advertising

Македонија ја откри темната страна на историјата, Кина пак доби слики и снимки од темната страна на Месецот(видео)

И покрај сите непријатности кои и се случија на нашата Македонија, сепак во светот се случуваат и убави работи. Кина објави слики од темната страна на Месецот, кои ги нарави лунарниот ровер и сондата која таму го однесе за што кинеската свемирска агенција прослави уште еден триумф за неистражениот дел од земјиниот сателит. Државната телевизија го покажа роверот “Jut 2”, што значи “Зајак од жад” и “Chang’e 4” сондата на темната страната на Месечината.

Фотографиите се испраќаат преку сателит за комуникација до контролниот центар во Пекинг, но не е познато кога тие се сликани.
“Сондата, роверот и комуникацискиот сателит се во стабилна состојба, тие однапред ги постигнаа поставените инженерски цели и сега влегуваат во научно-истражувачката фаза”. “Мисијата Chang’e 4, како дел од лунарната програма за истражување, беше успешна “рече директорот на кинеската вселенска агенција Џанг Кеџан.

Испратените слики ја прикажуваат карпестата површина со остри рабови на кратерот во позадина, што ќе претставува предизвик за одредување на идните рутерски правци, објави Ксинхуа.
Меѓу сликите е панорама од 360 степени направена од 80 фотографии ,панирамата е направена откако сондата го извади роверот на површината на Месечината.

Исто така, направено е 12-минутно видео од приземјувањето на “Changge 4” направен од повеќе од 4.700 фотографии од камерите вградени во сондата. Се гледа дека сондата ја прилагодува висината на летот, брзината и наваленоста додека маневрира со избегнување на пречки на земјата.Темната страна на Месечината е опосматрана многу пати од орбитата на Месечината, но никогаш не била испитувана од површината на Месецот.