Browse By

Advertising

Метеоролозите најавија студ и врнежи од снег деновиве – од петок промена на времето

Минус 21 степен се измерени изутринава во Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, а минус 17 во Струмица.
Под нулата е насекаде во Македонија. Според прогнозата на УММР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов.

На планините е формирана снежна покривка која е највисока во Маврово 66 сантиметри и во Крушево 27 см.

Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.