Browse By

Advertising

Моќната женска осумка – „Ocean’s 8“

По неколку години поминати од екипажот „Ocean ‘s 11 “  следи и една женска верзија во светот на криминал со малце и драма и секако доста смеа .Овој тим „Оcean’s“ секогаш важел како синоним  или  „тим за кражба“  .Датира уште во 1960 заедно со главниот глумец во тој период Франк Синатра кој е претставен како „мозокот“ на целиот план или мастермајнд .

„Оcean’s 11“ тимот се врати и во 2001 со актерска екипа од милионска сума како :  George Clooney , Matt Damon , Andy García,  Brad Pitt , Julia Roberts. Но по заработка од 400 милиони  која ја направија од „Ocean’s 11 “ во 2001 продуцентите се согласија да направат триологија  од истиот екипаж па од таму искочија   „Оcean’s 12 “ во 2004 и „Оcean’s 13“ во 2007 .

Екипата на „Оcean’s“ се враќа во 2018 но овој пат во женски екипаж и тоа : Sandra Bullock како главен планер ,Cate Blanchett,Anne Hathaway,Mindy Kaling,Sarah Paulson ,Helena Bonham Carter и Rihanna . Овој пат како продуцент се појавува George Clooney . Оваа моќна осумка има за план да ja направи најголемата кражба односно да украдат накит вреден над 100 милиони долари . Иако е ова само трејлерот , филмот кој треба да искочи 2018 ќе биде полн со изненадување не го пропуштајте .