Browse By

Advertising

Најскапите универзитети во светот

Kолеџите и универзитетите ширум светот имаат различни критериуми и програми. Еве листа на некои од најпрестижните колеџи и универзитети во светот со вклучени трошоци за школарина и останати трошоци. Колеџот може да чини доста време и пари, но со стекнатата диплома може да си го отворите патот по скалилата на животот, да ја проширите својата кариера и да направите повеќе пари на долг рок.

1. Parsons School of Design е иновативно училиште со програми за архитектура, дизајн, мода, ликовна уметност, фотографија и текстил. Училиштето нуди дипломски, додипломски и постдипломски степени. Школарината за студенти изнесува 38.510 долари. Со дополнителни трошоци за книги и други трошоци, вкупниот износ е 42.839 долари.
2. Школарина на Универзитетот во Чикаго чини 53.292 долари, со дополнителен трошок од 15.726 долари за престој во нивниот кампус. Како еден од најпочитуваните универзитети во областите на екологијата и социологијата, училиштето е познато по воспоставување на првата MBA студиска програма.
3.Џон Хопкинс е приватно, истражувачко училиште сместено во Балтимор. Овој колеџ има студиски програми за природни и општествени науки, уметност и хуманитарни науки, образование, музика и уметност, меѓународни студии, здравство и инженерство. Школарината за овој колеџ е 52.170 долари.
4. Dartmouth Collegeе институција од “Ivy League” во Хановер, Њу Хемпшир, основана во 1769 година. Dartmouth College е познат по Geisel медицинската школа и по МBА програмата на Tuck школата за бизнис. Dartmouth има 40 катедри од областа на уметност и општествени науки, социологија, и други интердисциплинарните програми. Школарината на Dartmouth Collegeизнесува 52.950 долари.
5.Claremont McKenna нуди два типа на студии, редовни и турнус програми. На овој колеџ студентите може да изберат филмски студии, класични студии, психологија, религиозни студии и азиски или американски студии. Школарината за Claremont McKennaе 52.825 долари. Колеџот е на листата на 100-те најскапи колеџи во САД.
6. Според QS ранг листата на универзитети Империјал универзитетот од Лондон се наоѓа на осмото место. Овој универзитет се фокусира на студии по инженеринг, бизнис, наука и медицина. На Империјал се запишуваат над 2.300 ученици од 50 различни земји. Школарината е 9.250 фунти. Меѓу програмите на Империјал се: аеронаутика, хемиско инженерство, компјутерски науки и медицина. Овој универзитет се стреми ко пронаоѓање на студенти кои ќе дадат најголем придонес во развојот на бизнис и технолошкиот сектор.
7. Сојузниот швајцарски институт за технологија, Цирих е посветен на студиски програми од областа на математика, наука, инженерство и технологија. Годишната школарина за најголем дел од програмите изнесува 48.000 долари. Меѓутоа, меѓународните студенти кои имаат добри оценки можат да се квалификуваат да ја платат истата школарина како и локалните студенти. Овој институт секоја година доделува стипендии за талентирани ученици.
8. UNSW, Австралија е еден од водечките универзитети во Австралија. UNSW нуди програми за дипломски, магистерски и докторски студии. Една од уникатните карактеристики на оваа институцијата е тоа што организира натпревари за училишните деца. Школарината варира во зависност од програмата во која ќе се запишете.
9. Buckingham универзитетот во Обединетото Кралство познат како UB, нуди програма со која студиите може да се завршат за две години, наместо три години.UB има програми од областа на право, медицина, наука, образование, хуманитарни науки и бизнис. Школарината се движи помеѓу 12,444 и 36,000 фунти, во зависност од програмата во која ќе се запишете.
10. NYU е еден од најпрестижните универзитети во САД со кампуси во Менхетен и Вашингтон. Неколку програми за образование, вклучително и Steinhardt школата за култура, образование и човечки развој, се наоѓаат во кампусот во Бруклин. NYU нуди повеќе од 400 академски програми. Школарината варира во зависност од тоа дали студентите се запишуваат на додипломски, постдипломски или професионални програми.
Високото образование од било кој од овие колеџи или универзитети е првиот чекор кон блескава кариера! Ги поттикнуваме сите да ја разгледаат оваа можност, бидејќи дури и трошењето на пари може да се исплати на долгорочни стази!