Browse By

Advertising

Немој да наздравувате никогаш со чаша вода! позади ова се крие страшно древно верување

Мора да сте слушнале од многумина дека никогаш не треба да се наздравува со чаша вода. Иако ова може да звучи смешно или глупаво, но позади секое ајде ,,малку да се чукнеме‘‘, се крие античко и ни малку наивно верување. Коренот на ова верување е од Антиката, старите Грци верувале дека, кога човек ќе умре неговата душа оди во подземниот свет-Ад. А во него се наоѓа тажна полјана обрасната со бледи диви цвеќиња. На таа рамница течат пет реки: ладниот Стикс-реката на омразата, Ахерон-реката на болката, Кокитус -реката на заблудата, Флегетон-реката на огнот и Лета -реката на заборавањето. Кога душата на починатиот ќе дојде во Адот, тој пие од реката Лета за да го заборави минатото и страдањата од претходниот живот. Оние пак што верувале во реинкарнација верувале и дека душите пијат од оваа река за да го заборават минатиот живот и тогаш биле подготвени за новиот. Токму тоа, се верува, дека е коренот на обичајот никогаш да не се наздравува со чаша вода, На овој начин, тој што ова го прави би го стигнало предвременото заборавање и страшна судбина.