Browse By

Advertising

Поранешниот Мистер на Хрватска ќе продава ќебапи во Азија

Поранешниот Мистер на Хрватска, Бруно Орешковиќ ја нашол среќата во Азија, каде ќе отвори ресторан со име „Балканс“. Во него ќе имало од ќебапи до плескавици, а за нив ќе биде задолжен другар на Орешковиќ, пренесува „Курир.рс“.

Пред десет години, со неполни 19 години, тој станал Мистер на Хрватска. Сега Орешковиќ води успешен бизнис на Бали и две години е во брак со сопругата Патриција, која ја запознал во Џакарта.

– Во Индонезија за прв пат дојдов да ја посетам мојата поранешна девојка. Тоа требаше да биде само годишен одмор, но се заљубив во островот и одлучив да останам. Најтешко ми беше да ги оставам родителите и пријателите. Сакав патувања и авантури, знаев дека нема да останам во Хрватска засекогаш. Во Азија сум веќе осум години. Првите шест ги живеев пола година на Бали, другите шест месеци живеев во Кина, Кореја, Сингапур, Хонг Конг, Малезија, Тајланд … – изјавил Орешковиќ.

Тој бил мошне баран модел во Азија, па затоа и толку се селел.