Browse By

Advertising

Семејство од село Белица си има мало еленче за домашно милениче (ВИДЕО)

Една од поубавите предновогодишни приказни деновиве. Видео објавено на Фејсбук профилот на село Белица (кичевско), прикажува семејство од селото кое за милениче си има мало еленче. Го викаат Бамби, а откако корисниците на друштвените мрежи го прогласија ова за едно од најслатките нешта што ги виделе во последно време, семејството од Белица реши да објави уште едно видео. Од ова второво ќе дознаеме и понекое деталче плус за ова несекојдневно милениче кое очигледно нема проблем секојдневно да живее со луѓе и во домашни услови.