Browse By

Advertising

Се качил на божиќната елка пред Белата куќа во Вашингтон и не сакал да се симне

Вчера еден човек се качил на божиќното дрво пред Белата куќа каде провел еден час пред да биде симнат. Пешачката зона беше затворена од каде се гледа божиќната елка. Човекот што се качил на националното дрво е сигурно спуштен и однесен е во вашингтонската болница на психијатриско вештачење. Се верува дека мажот пати од ,,емоционално растројство‘‘ ,а не претрпел посериозни повреди при симнувањето од дрвото, изјави Едуардо Делгадо. На местото на настанот беа викнати двајца преговарачи, да му помогнат, убедат неидентификуваниот маж да се симне од елката. Местото беше затворено, а беа присутни луѓе од обезбедувањето, полиција и чувари на паркот.