Browse By

Advertising

Сите слушнале за Ал Капоне и Лаки Лучијано, но овој човек ја создал мафијата во САД: Владеел сурово, па настрадал како и неговиот идол

Салваторе Маранцано не сонувал дека ќе стане еден мафијаш, а не пак дека ќе ја создаде американската мафија каква што и ден денес ја познаваме.

Иако бил далеку помалку познат од познатите гангстери како Ал Капоне, Маранцано сепак оставил длабока трага во светот на криминалот. Верувале или не, тој додека бил дете имал голема желба да стане католички свештеник на Сицилија.

Сепак, наместо тоа, тој се искачил на вртоглави височини кога станува збор за достигнувањата во криминалот, каде што имал голема моќ како и неговиот историски идол – Јулиј Цезар. Маранцано толку многу му се восхитувал на римскиот владетел, така што го носел прекарот „Малиот Цезар”.

Но, пред „Малиот Цезар” да ја формира големата американска мафија и да се круниса како „бос над сите босови”, Салваторе Маранцано станал познат криминалец на Сицилија. До моментот кога пристигнал во Њујорк после Првата светска војна, прохибицијата била во полн налет, а Маранцано се вклучил во бизнисот со коцкање, проституција, се коцкал и имал бројни други пороци преку кои што исто така остварувал заработка.

Притоа тој дошол до контакт со гангстери како што се Чарлс „Лаки” Лучијано, Багзи Сигел и Мајер Лански. Посебно Лучијано станал важна фигура откако избила таканаречената „Кастеламарезе војна” во 1930-та година.

Таа војна започнала кога Салваторе Маранцано и Џо Масери, првиот човек на семејството Џеновезе, ја посакале контролата над подземјето во Њујорк. Војната траела се додека Лучано, тогаш десната рака на Масери, не го предал својот шеф и го убил во 1931-ва година.

После убиството на Масери, Салваторе Маранцано се истакнал како “Capo di tutti capi” и ја организирал мафијата во Њујорк составена од озлогласените пет семејства. Тој дури и организирал кодекс на однесување за оваа нова „конфедерација” наречена “La Cosa Nostra” или „Нашата работа”.

Сепак, владеењето на Маранцано било краткотрајно. Во рок од само пет месеци од неговиот подем, Лаки Лучијано кој претходно го предал Масери, сега се свртел против Маранцано и ангажирал убијци да ја нападнат неговата канцеларија на Парк Авенија кои што ја завршуваат работата.

Како и неговиот идол Цезар, исто така и владеењето на Маранцано завршува со убиство со нож и предавство. Како и Цезар, Салваторе Маранцано засекогаш променил еден дел од светот и неговата приказна станала легендарна.