Browse By

Advertising

Слаткар: Зошто и Македонија да не „лапа“ пари ? – само тоа може да не извади од оваа економска состојба

Марко Маринковиќ- Слаткаристика ја поддржа декриминализацијата на канабисот како дел од кампањата на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ од Скопје.

Слаткар беше дел од промоцијата на вториот дел од кампањата кој денеска се одржа во Универзалната сала и изјави дека канабисот во Македонија треба да се легализира.

Во Америка, канабисот легално се користи во 29 сојузни држави за медицински цели. Неодамна, во Амстердам го снимав мојот нов спот “I wanna get high“. Холандија како земја, освен што е позната по лалињата, велосипедите, по проститутките, позната е и по легализацијата на канабисот. Ја посетуваат 5 милиони туристи годишно. Зошто и ние да не станаме Холандија?

Зошто и ние да не лапаме пари од странски туристи? Само тоа може да не извади од оваа економска состојба“, изјави Слаткар на промоцијата. Како дел од здружението „Билка“, на настанот зборуваше и пејачот Џон Илија-Апелгрин.