Browse By

Advertising

Снежана е магистер по Право и ужива во одгледување на 300 овци: „Сакам да бидам свој шеф“

нежана Анокиќ Рогало со сигурно е најобразовен овчар во Хрватска.

Магистер е по право, зборува италијански, а професионален возач е на А, Б, Ц и Е категории.

Сепак, со сопругот Дарко последните неколку години за живот заработуваат со одгледување на овци на една фарма во Доброгошќе, населба со пет куќи и тринаесет жители, само десет километри од Чаглин.

“Можев да бирам каде да живеам и со што ќе се занимавам, а тоа ми помогна да разберам што навистина сакам. А сакам да уживам во природата и да бидам сам свој шеф”, рече Снежана.

Младоста ја поминала во Богдановци, во близина на Вуковар, а по завршување на војната, како 19-годишно девојче заминала во Италија, додека семејството се населило во регионот на Ѓаково. Во годините кои следеа вонредно студирала на Правниот факултет во Осиек, во Ѓаково се запознала со нејзиниот иден сопруг, полагала возачики, магистрирала, ги родила Андреа и Матео, предавала италијански во едно училиште, посетила повеќе европски земји, Египет, Индија …

И татко ми и чичко ми одгледувале овци и веројатно од нив ја “собрав” таа љубов. Затоа со мојот сопруг решивме да најдеме соодветно место и да се обидеме. Налетавме на Доброгошќе каде има многу земја и малку луѓе, што е идеално за фарми. Купивме куќа и малку земја и сето она што сме постигнале до сега е само резултат на нашата работа. Сите овие години се ширевме без кредити и не се во право оние кои велат дека од земјоделството не можат да живеат”, рече Снежана.

Во Доброгошќе Снежана и Дарко сега имаат 27 хектари земјиште за пасење на околу 300 овци и јагниња. Проблеми со продажбата немаат, успеале и нешто да заштедат за проширување и реновирање на куќата, а сопствена куќа имаат во Ѓаково. Снежана правото не го заборавила, но своето познавање го користи во споделување бесплатни совети на локалните жители и пријателите и не планира да бара работа во својата професијата. Убаво и е, вели таа, и да предаваш италијански, да уживаш во возењето на автомобилот и камионот, но сепак, ја гледа својата иднина во фармата која со нејзиниот сопруг имаат во план да ја прошират.

“Работата на фармата е физички потешка од правната работа или во училницата, но мислам дека денес е тешко да се работи со луѓе. Тука и работното време можам да го прилагодам, а особено уживама да бидам во природата. Се надевам дека со времето ќе добиеме и асфалт до селото и дека ќе бидеме во можност да вработиме некој работник. Тогаш би можеле сопругот, децата и јас да одиме до Пожега или на друго место, на некој настан или да се посветиме на некое хоби”, заклучи Снежана.