Browse By

Advertising

Универзалната сала е драматичен поклон кој го надживеал својот оригинал, нејзиниот историјат е достоен за споменување и паметeње.

Ви изгледаат познато фотографиите, зарем не? Секако, ова е Универзалната сала во Скопје. Ја сметаме дека е дел од идентитетот на градот, но не е секогаш така како што изгледа.
На фотографијата лево е всушност Националниот циркус од Софија изграден во 1962, кој несреќно изгорел 1983 во пожар.

Во меѓувреме се случил скопскиот земјотрес во 1963. Помеѓу другите донации кои ги добило Скопје од балканските држави била и изградбата на сала од бугарска фирма „Техноекспортстрој”, како архитектонска реплика на објектот во Бугарија. Универзална сала е драматичен поклон кој го надживеал својот оригинал и нејзиниот историјат е достоен за споменување и паметeње.