Browse By

Advertising

,,Утакмица на животот‘‘ за познатиот голгетер Џанлука Виали

Џанлука Виали (54), познат поранешен италијански фудбалер, откри дека во изминатата година се борел со ,,лоша‘‘ болест. Овој сега 54-годишен маж го носеше дресот и постигнуваше голови за Кремона, Сампдорија, Јувентус и Челзи, а изигра и 59 настапи за италијанскиот тим (16 гола). Тој ги освои сите големи трофеи во своето време и може да се пофали дека е победник на сите три европски натпреварувања што постоеле во тоа време – Лигата на Шампионите, Купот на УЕФА и Купот на Победниците на Куповите (2), има две италијански првенства и четири Купа, по еден Англиски ФА Куп и лига Куп… Богата кариера!
Но, поранешниот федбалер сега ја игра најважната утакмица во која не е важно дали ќе даде гол, туку дали ќе преживи. Во својата книга ‘Goals. 98 storie + 1 per affrontare le sfide più difficili’, каде пишева 99 приказни и 99 цитати кои го инспирилале за секојдневниот живот, зборува и за борбата со ракот од кој заболел.
“Најтешкиот дел беше да се каже на семејството: родителите, браќата и сестрите, на сопруга Кетрин и нашите ќерки Оливија и Софија. Знаејќи дека имате рак ви носи некаков срам, како да сте виновни затоа што сте го добиле. Сакав да продолжам да бидам Виали како што знаеја, но потоа решив да се извинам за мојата приказна во книгата‘‘ кажа Виали.
Виали последните месеци ги помина на хемотерапија и зрачење, па сега неговото здравје е подобрено.
https://www.youtube.com/watch?v=-5R40g8Pd1k