Browse By

Advertising

Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови

Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови!
На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!!

Утринава почина мојот театарски татко!!!
Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!

Љубиша Георгиевски е роден на 30 мај, 1937 година во Битола, Република Македонија. Дипломирал на “Академијата за театар, филм, радио и телевизија”, група “Театар и радио режија” во Белград, 1974 година

Љубиша Георгиевски е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по Театарска режија и актерска игра на “Факултетот за драмски уметности” во Скопје.