Browse By

Advertising

Фејсбук повторно падна, корисниците излогирани, лозинките не работаат!

Нови проблеми за Фејсбук и неговите корисници! Повеќето луѓе во вчерашниот ден беа автоматски излогирани од оваа социјална мрежа и не можеа повторно да се логираат. Во исто време, сајтот беше и целосно недостапен за голем број корисници.

Ако сте се обиделе да се најавите на Фејсбук, иако претходно не сте ја пребарувале страницата, многу е веројатно дека сте добиле порака дека сте ја внеле погрешната лозинка. Дури и по повеќекратни обиди повторно да се регистрираат на Фејсбук, на корисниците и натаму им се забрануваше пристапот до оваа социјална мрежа, објавија медиумски извештаи ширум светот.

Слична е ситуацијата и во Македонија, а најверојатно е засегната само Европа.
Засега Фејсбук не издаде официјално објаснување за овие настанати проблеми, а статусот на нивната веб-страница е дека “платформата работи без проблеми”.

Истата работа се случи претходно оваа година кога Фејсбук беше недостапен за корисниците во САД.