Browse By

Advertising

ФОТО: „Девојчето со кибритчињата” и украсеното Скопје кое чини 260 илјади евра

Покрај, “Девојчето со кибритчињата”, украсеното Скопје на Шилегов кое чини 260 илјади евра ме вади од кожа. Исто како нефункционалните институции, власта, општеството.Никогаш не ми било јасно, како може да се мижи и молчи пред вакви појави. Никогаш нема да ми биде јасно зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а нема доволно пари за децата кои просат по улиците, семејствата кои на -30 степени седат под отворено небо, луѓе кои спијат по клупи. Девојчето, не побара топол оброк. Рече “Гладна сум ама не мора да јадам, ама ми требаат пари. Прашав зошто, таа продолжи “Треба да соберам доволно за да однесам дома”.Доби топол оброк. И некој денар, за побрзо да замине дома, оти надвор е повеќе од студено. Кога веќе немаме функционални институции, да бидеме ние тие кои ќе помогнеме, пишува скопјанецот Кристијан на својот Фејсбук профил.

Оваа Нова година Скопје ќе биде украсено најскапо досега – договорот помеѓу Град Скопје и фирмата „Линк медиа плус“ чини 260 илјади евра.Оваа фирма редовно го добива тендерот за украсување на главниот град, но во претходните години украсувањето беше видно поевтино.Според договорите за јавни набавки, минатата година за оваа намена биле платени 195 илјади евра, исто колку и во 2016 година додека градоначалник беше Коце Трајановски. Во 2015 година украсувањето чинело најмалку, околу 170 илјади евра.