Browse By

Advertising

(ФОТО) „Мислат дека сум Русин, но јас сум Македонец“

Кевин е роден во Калифорнија, од мајка и татко Македонци кои се преселиле во Америка…
Кевин Кузманов е професионален безбол играч во „ Major League Baseball“ (MLB) и прв Македонец кој станал легендарно успешен во овој спорт. Денеска Кевин има 35 години, а зад себе има кариера во тимовите на „Кливленд Индијанс“, „Сан Диего Падрес“, „Колорадо Рокис“ и „Тексас Ренџерс“.

 

Само четворица во историјата на американскиот бејзбол направиле „Гренд Слем“ хоумран. Првиот бил Бил Даглби во 1898 година, вториот Џереми Хермида во 2005, третиот е Македонецот Кевин Кузманов во 2006. година и тоа прв со таков учинок по првото фаќање на палката и со првото топче упатено кон него. По него во историјата се запиша и Даниел Нава во 2010., пишува Македонија Денес.
Освен што важи за еден од најдобрите безбол играчи во историјата, тој е и еден од најплатените. Неговата основна годишна плата достигнувала и’ до 5. милиони долари годишно, а тука биле и безбројните спонзори.

Кевин е роден во Калифорнија, од мајка и татко Македонци кои се преселиле во Америка.

 

Кузманов не го заборавил своето потекло и за американските медиуми гордо изјавува: “Многумина мислат дека сум Русин, меѓутоа јас сум МАКЕДОНЕЦ”
На тој начин станува еден од најголемите промотори на Македонија во САД. Секогаш кога има време Кевин доаѓа во својата родна Македонија на одмор и вели дека особено ужива во Скопје.

Извор:Македонијаденес.мк