Browse By

Advertising
Loading...

Францис Маркез ја смими боженствената убавина на Преспа (Видео)

Преспа е сместена на тромеѓето помеѓу Македонија, Албанија и Грција. Оваа област се смета за еколошки ентитет од глобално значење бидејќи тука можат да се сретнат разновидни биотопи – езера, планини и шуми кои имаат единствени, уникатни карактеристики. Езерата Мала Преспа и Голема Преспа се меѓу најстарите езера во Европа и затоа во нив можат да се најдат голем број на ендемски видови, како и единствената колонија на Големиот Бел Пеликан во Европската Унија.

Регионот се смета за значаен резервоар на биодиверзитетот и природната продукција. Надморската височина (850 метри), бујната вегетација и топлите лета со свежи ноќи ја прават климата погодна за одмор. На нејзина територија се распространети и двата национални паркови – Галичица и Пелистер. За сета оваа убавина Францис Маркез направи прекрасно видео погледнете :

PRESPA from Francisco Márquez on Vimeo.

%d bloggers like this: