Browse By

Advertising

Фрапантна бројка – 61.000 основци помалку во Македонија

За 18 години за 61.000 се намалил бројот на ученици во основно образование во Македонија. Фрапантната бројка е резултат на споредбените бројки објавени на Државниот завод за статистика.

Во учебната 2000/2001 година во редовните основни училишта биле регистрирани 249.375, а во оваа учебна година се евидентирани 188.102 основци – вкупно 61.273 ученици помалку.

– Бројката е реална. Ако само во учебната 2017/2018 година бројката на ученици се намалила за 4.000, таа е математиката – вели Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Причини има повеќе, вели тој. Наталитетот со години опаѓа – се раѓаат помалку деца и тоа влијае на разликата во бројките. Сепак, тоа не е највлијателниот фактор.

– Иселувањето го направи своето. Неодамна објавив колумна, каде исчезнаа 2.333 првачиња од училиштата? Анализата ја правев врз основа на бројот на живородени деца во одредена година, и шест години подоцна кога тргнуваат во школо. На пример, во годината биле родени 20.000 деца, а по шест години во прво одделение се запишале 17.500. Каде се останатите? – објаснува Герасимовски.

Прочитајте повеќе на Деца.мк