Browse By

Advertising
Loading...

Хороскоп во една реченица: Што да очекувате од 2018-та година?

2018-та година на некого ќе му донесе радост и убави моменти, на друг успех на професионално поле, а некои пак, ќе ја најдат љубовта на својот живот.
Каква ќе бида 2018-та за вас и дали вашите очекувања се поклопуваат со оние според хороскопот?

Дознајте што може да очекувата од годината која следи, според вашиот хороскопски знак:

Овен
Ќе ја пронајдете вистинската личност за вас, но бидете трпеливи, ќе ви бидат потребни неколку месеци за запознавање на сродната душа.

Бик
Потребата за независност ќе расте, тврдоглавоста ќе ви остане најсилна карактеристика, но мора да научите да ги пуштате луѓето во вашиот живот и полека да ја спуштате заштитата.

Близнаци
Нема да сакате да бидете сами, но нема да барате ниту љубов во некој друг, бидејќи веќе ви е доволна сопствената, па самотијата може да ја искористите за напредок во кариера.

Рак
Ќе заборавите на минатото и луѓето од него, па нема да се грижите за ништо и ќе се ослободите од впечатокот кој луѓето го имаа за вас, а со тоа, можно е и да запознаете личност која ќе ви одговара.

Лав
Во 2018-та вашето его малку ќе се „спушти на земја“, во љубовта може да доживеете некои разочарувања и неуспех, што ќе доведат до тоа да станете подобра личност во иднина, па да ја сретнете сродната душа.

Девица
Ќе ја пронајдете својата љубов, иако мислите дека не ја заслужувате, но оваа година е таа кога ќе се заљубите „до уши“, а истото ќе го чувствува и другата личност.
Вага
Ќе бидете мирни и ќе станувате подобра личност кога се работи за љубовта, а односот со личноста покрај вас ќе се развива во онаков каков што треба да стане, па ве очекува одлична година.

Скорпија
Ако престанете да ја отфрлате идејата за љубов, 2018 ќе биде годината кога конечно ќе си го отворите срцето, но немојте да правите грешка при изборот и внимавајте што правите.

Стрелец
Лошите денови ќе ги оставите зад вас и ќе престанете да се грижите за луѓето кои не го заслужуваат вашето внимание, па ќе се посветите повеќе на себе од кога било.

Јарец
Ќе се опуштите од целата одговорност која ви тежеше досега и нема да сакате ништо сериозно, бидејќи сакате да се чувствувате независно и да се забавувате, но чувајте се.

Водолија
Можеби нема да ја сретнете љубовта на вашиот живот, но ќе запознаете некој кој целосно ќе ве промени на подобро, па што и да правите, немојте да се повлекувате.

Риби
Вашата благодарност и љубезност ќе се исплати, бидејќи оваа година конечно ќе постигнете стабилност на љубовно поле, па немојте да го уништите тоа што долго го чекате.

%d bloggers like this: