Browse By

Advertising

Што беше тоа cekc? Сѐ помалку водиме љубов, а еве кој е виновен за тоа …

Приватниот и јавниот живот се измешал. Луѓето цело време ја проверуваат електронската пошта и повеќе не постои момент на тишина која постоела порано.
Паметните телефони се виновници што луѓето сѐ помалку водат љубов, покажало истражувањето. Истражувачите откриле дека откако постои интернетот луѓето сѐ помалку водат љубов.

Дејвид Спиѓехалтер, професор на колеџот Кембриџ, во својата книга “Сексот во бројки” открил дека просечната хетеросексуална двојка води љубов само три пати месечно.

Оваа бројка ја споредил со оние од претходните години: 2000-та година луѓето имале секс четири пати месечно, а во 1990 година пет пати.
“Приватниот и јавниот живот се измешал. Луѓето цело време ја проверуваат електронска пошта и повеќе не постои момент на тишина која постоела порано”, рече професорот за BBC Радио 4.

“Најреалното објаснување е тоа дека сме подобро поврзани со технологијата, нашите животи станале брзи, и постојано балансираме меѓу домот, работата и надворешниот свет. Тоа го потиснало времето кое сме го поминувале со своите партнери.

Сегашното време многу бара и сексот едноставно паднал на листата на приоритети. Кога одиш навечер во кревет и проверуваш e-mail, тоа значи дека сѐ уште премногу си поврзан со надворешниот свет, за да се фокусираш на партнерот”, рече професорот.