Browse By

Advertising
Loading...

Што значи да сте дел од хуманитарниот турнир „Валентин Стефановски“ ?

Kако и изминатите години, така и оваа организаторите на турнирот, Здружение на граѓани “Валентин Стефановски”, заедно со Градоначалникот и советот на општина Демир Хисар ќе се погрижат и ќе го дадат својот максимум за организирање на овој четврт по ред меморијален турнир во мал фудбал “Валентин Стефановски” Демир Хисар.

Што значи да се биде дел од овој прекрасен настан за кој едно прерано згаснат живот донесе нова димензија на спортот? Валентин Стефановски момчето кое загина во собраќајна незгода на патот за Битола за поблиските и голем другар,брат а и вооедно фан на спортот особено на фудбалот .Во чест на него во Демир Хисар секоја година се организира турнир, ова веќе е четврта година, овој турнир помогна на многу луѓе кои имаат потреба од финансиски средства поради тоа што сите собрани пари се донираат во семејства кои имаат потреба од истите.

Да се биде дел од овој турнир значи и да се помогне на многу луѓе, спортот во кој некогаш се инспирирал младиот Валентин уште е во сите нас. Убаво би било овој турнир да порасне во нешто поголемо па да немаме потреба од донации идејата е голема, но сепак млладиот Валентин е инспирацијата за тоа се да се случи.

Секако за луѓето кои се натпреваруваат со нивните тимови следуваат и награди за 1,2 и 3то место се што треба да направите да се приклучите во овој турнир, секако и дружбата е на прво место секогаш.

За подетални информации обратете се на:
Фан пејџ: https://www.facebook.com/turnirdemirhisar/

Официјален порофил на здружението на граѓани Валентин Стефановски:https://www.facebook.com/zdruzenienagrajgani
или на бројот на самиот флаер.

%d bloggers like this: