September 20, 2019

Булевар

На вистинското место

Ќе бегам, што да правам тука ..

Најмалку 1500 сезонски работници за само еден месец од Источниот регион заминаа на работа во Италија. Долгиот пат нив ќе ги однесе на лозјата и овоштарниците во Италија каде бербата ќе трае до крајот на октомври.

Во меѓувреме, нивното остсуство прави големи проблеми зашто овде, во Источниот регион, летнината ќе нема кој да ја собере.

„Да да се е во пропаст, наместо да даваат на младите да останат овде во државата, на пример по 5 хектара да даватземја , ќе бегам што да правам тука. Ние моментално сме само двајца, другите сите бегат не се замараат “ анкетирани граѓани

Освен за нивите, работници недостасуваат речиси секаде каде што има работа.

Така, Секторот трговија на големо и мало бара речиси 2000 , преработуваката индустрија 1 400, транспорт и складирање 600, сместување и келнери речиси 500 и секторот градежништво речиси 500 работници .

По градови, најмногу слободни работни места 3 500, има во Скопје, потоа следуваат Тетово со 531 и Битола со 283 но главниот проблем се случува во Источниот регион.

Така, во Штип недосасуваат најамалку 1000, во Кочани повеке од 300, во Виница речиси 300 работници а по нешто помалку во Пробиштип, Делчево и другите градови

Од друга страна, за премиерот Заев емигрирањето и не е така голем проблем.

„Миграцијата во државата постои и постои во целиот регион , нема да ја спречиме никогаш до крај, таа постоела и до ден денеска постои , дури и од источниот блок на членките во европската унија има миграција, но треба да направиме се да го намалиме интензитетот.Мене ме радува податокот од статистичките податоци од првиот квартал кои покажаа 4,1% раст на бруто домашниот производ .Штом тоа расте а немаме некој посебен наталитет тоа значи дека не е толку драматично“ ,изјави премиерот Зоран Заев

Дали оваа изјава значи помирување со состојба е неизвесно но факт е дека ефикасна стратегија за намалаување на емиграцијата сеуште нема.

Оттука, бројот на невработени постојано се намалува но тоа не значи дека состојбата со економијата и животниот стандард се подобрува. На ниво на држава, бројот на слободни работни места до август беше речиси 8000.

%d bloggers like this: