October 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Ќе се купува нов владин авион?

Поранешниот пилот со огромно искуство зад себе Кирил Каевски денеска за Телма изјави дека владиниот авион е безбедносно сигурен и нема причина од овој аспект да се купува нов ВИП-воздухоплов.
-Во смисла на безбедност нема потреба да се купува нов бидејќи, бидејќи контролно е цеосно исправен. Единствено има логика да се купува доколку е потребен поголем простор затоа што во наредниот период се најавени интензивни посети на наши деегации поради интеграциите во НАТО и ЕУ, изјави Каевски.
Ваквиот одговор од страна на ветеранот следува откако поранешниот пратеник и актуелен директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство откри дека Владата размислувала да се откаже од стариот „Лирџет 60“ и да купи нов кој би чинел помеѓу 15 и 20 милиони евра.
Извор: kurir.mk

%d bloggers like this: