August 17, 2019

Булевар

На вистинското место

Ќе се менува законот: Наместо полиција на патиштата ќе има повеќе радари

Последната сообраќајка на скопската обиколница во која загинаа двајца а двајца беа повредени го отвори прашањето за промена за Законот за сообраќај и безбедност на патиштата. Според новите промени во законот наместо полиција на автопатиштата во Македонија, особено на клучките, мостовите и фрекветните места ќе бидат поставени радари. На тој начин ќе има шанса повеќе да биде мониторирарн сообраќајот и санкционирани оние што возат пребрзо.

Сега многу често се случува на патиштата на има мобилни екипи на полиција каде се мери брзината на движење на возилата. Токму една таква контрола заврши трагично. Камион на скопската обиколница се движел со голема брзина во крајната лента и удрил во задинот лев дел на автомобилот BMW од ударот бил предзивкан нов удар каде бил удрен полицискиот автомобил.

Последниве месеци МВР спроведува чести контроли и бројот на казнети е постојано висок. Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 22/23.06.2019 година во времето од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 79 останати прекршоци за кои се издадени 44 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Па, затоа внимавајте…
Извор : Ауто24

%d bloggers like this: