Connect with us

Published

on

На апликацијата Тик Ток се појави видео на кое се гледа напад на младо момче. Видеото кое е со траење од 15 секунди е споделено од профил со име @problem1. 

На него јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат, а исто така можат да се забележат и две знамиња.

Дали момчето се здобило со повреди, кои се причините за тепачката треба да одговорат институциите. Засега е непозната и точната локација и кога е направено видеото. Од МВР само кратко велат:

Министерството за внатрешни работи постапува за расчистување на случајот и по расчистувањето ќе ја известиме јавноста.

<iframe width="634" height="357" src="https://www.youtube.com/embed/VtOpiQByvME" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture" allowfullscreen></iframe>

Инфо +

„Поединци се ситат на Јанкуловска но не знаете какви се условите за жена во затвор“

Published

on

Поединци се ситат на Јанкуловска „Ама она правела криминал ќе си лежи“ Додека сме таму знаете ли какви се условите за жена во затвор? Не важи само за нејзе за сите што се затворени до оние кој се борат за женските права ова е одличен моментум да се искористи и да се промени ова.

Continue Reading

Инфо +

Апасиев: Кафе во студентско бифе е 60 денари, а во Собрание 6 денари

Published

on

Со хаштаг класни привилегии Димитар Апасиев направи споредба на цените за едно кафе во Собранието и во студентско бифе. 

Турско кафе во Студентско бифе = 60 денари
Турско кафе во Собраниско бифе = 6 денари

Каде бе вака, другари, напиша Апасиев на фејсбук

Тој е пратеник во новиот парламентарен состав каде Левица е застапена со двајца пратеници.

Continue Reading

Инфо +

Како со 17.000 плата да купам три лаптопи за моите деца?

Published

on

Засега, познато е дека стартот на учебната година би требало да почне од 1. октомври, наставата е планирано да се одвива комбинирано, но вчера министерот Филипче изјави дека доколку епидемиолошката слика е добра, можно е од ноември да се овозможи враќање во клупите и за повеќе групи ученици.

Сепак, на десетина дена од стартот на учебната година, полемиките околу начинот на одвивање на настава се’ уште траат, родители, наставници деца со поделени мислења.
Двете фејсбук групи, едната со членови поддржувачи на он лајн настава, и онаа со поддржувачи на настава со физичко присуство, секојдневно, активно постираат нивни размислувања, идеи, предлози, пренесуваат случувања.
 Во една од групите наидовме на емотивен статус, за тажната слика во едно семејство, создадена од потребните финансиски средства кои ги налага он лајн наставата. Ќе ви го пренесеме статусот, во целост:

„ЕДНА СЕПТЕМВРИСКА РОДИТЕЛСКА САГА

В.И. е болничар со кого работам повеќе од 25 години. Обично е расположен секогаш за разговор во текот на долгите и напорни дежурства на Клиниката, но последново дежурство беше некако замислен и отсутен. Упорно го прашував што го мачи и тишти, за со тешка мака и доза на срам ми признае, дека го плаши новата учебна година.

“Докторе, имам три училишни деца, а само еден стар неупотреблив компјутер, а ќе ми требаат 3 лаптопи. Со мојата скромна плата од 17.000 денари како да купам три лаптопи, бидејќи сите тројца ќе имаат ON LINE настава во исто време.

Решивме со жена ми да земам кредит, бидејќи друго решение нема. Ама проблемите не завршуваат тука. Дома имам најефтин интернет, ама децава ми тврдат дека тој не бил доволен ниту за еден лаптоп и ќе се потрошел за десет дена. За брз интернет ми требаат 2000 денари месечно. Ајде можеби и ќе скратам на јадење и ќе ги дадам, ама каде да најдам три посебни соби во кои секој ќе ја следи наставата. И да ги имав, џабе докторе, кога цела зима сите седиме во една соба која ја грееме со дрва.

Ова е само една од многуте тажни приказни, кои ги мачат родителите овие денови.

За квалитетна ON LINE настава, треба многу побогато и поправедно општество, се друго е илузија.“За жал, во коментарите, луѓе споделуваат дека таква е ситуацијата и во многу други семејства. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: