Connect with us

Спорт

Луда завршница во Задар: Борко брани зицер, а Јотиќ ја скина мрежата (ВИДЕО)

Published

on

Лудите последни 15 секунди од натпреварот Вардар – ППД Загреб:

Борко Ристовски со девет интеревенции го заврши дуелот против ППД Загреб, но најважните ги забележа во одлучувачките моменти. Македонскиот репрезентативец прво го регуларниот дел го спречи ППД Загреб да постигне гол за сигурна победа, а потоа во пенал-завршницата им фати два седмерци на Хрватите.

Ужувајте во шоуто на Ристовски.

Continue Reading

Македонија

Радувај се Македонијо, се гледаме на плоштад!

Published

on

По успесите на дел од нашите спортисти во индивидуалните спортови и националните селекции во спортовите со топка, Македонија од денес има нова спортска икона, нов олимпионик со кого се гордее.

„Го имаме најголемиот историски успех откако нашата Македонија е независна. Браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска македонска спортска икона, ти си идолот на новите генерации!

А тебе докторе, тебе Борче Костовски, за тебе имам неколку збора: Ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад не може со збор да се опише. Тоа е за филм. Тесно финале, недосуден чист удар во глава, но спортот знае да биде суров. Сребро на Олимписки игри во фулконтактен боречки спорт е сон со кој јас и мојот брат живееме откога постои ТК Буте.

Македонија, радувај се. Се гледаме горди и доистоинствени на плоштад!“, напиша Дарко Костовски

Continue Reading

Спорт

(Фото) Георгиевски на чекор до златен медал, елиминиpaше трикратен шампион, оди во полуфинале

Published

on

Македонија се наоѓа на чекор до првиот медал на Олимписките игри во Токио. Нашиот таеквондо борец Дејан Георгиевски се наоѓа на само една победа до медал, откако победи и во втората борба и се пласира во полуфиналето.

Во првиот дел од борбите во „Макукари Месе“, нашиот ас го победи противникот од Брегот на слоновата коска Сејду Гбане со 9-4 во категоријата до 80 килограми. Одлуката падна во третата рунда, во која во двете фази Дејан беше подобар од Африканецот. Гбане го фати и замор, па Георгиевски без драма стигна до доминантна победа. Сејду Гбане постојано го ловеше водството на противникот. Успеа да израмни на 4-4, но со серија од пет поени на Георгиевски, победникот беше решен.

Корејскиот таеквандо борец, Кјо До Ин, инаку втор носител на турнирот е следен противник на македонскиот олимпиец. Борбата е закажана во 09:45 часот по македонско време.

Извор: ГОЛ.МК

Continue Reading

Спорт

Косово со ДВА ЗЛАТНИ МЕДАЛИ од Олимпијадата во Токио

Published

on

Џудистката Нора Џакова го обезбеди вториот златен медал за Косово на Олимписките игри во Токио.

Таа беше најдобра во денешните борби во категоријата -57 килограми. Во финалето, Џакова ја совлада Французинката Сара Леони.

Претходно, злато за Косово обезбеди Дристија Красничи.

Со два златни медала, Косово во моментов е на седмото место во пласманот според освоени најсјајни одличја на Игрите во Јапонија. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: