Connect with us

Инфо +

Во Тетово цела недела се бележат напади од бездомни кучиња

Во текот на вчерашниот ден пријавен е еден напад од бездомно куче, но и еден напад од куче кое било водено од сопственикот.

-Во 22 часот и 30 минути, М.Р.(66) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека два часа пред тоа на улица „Борис Кидрич” во Тетово бил каснат од куче-бездомник. Во 13 часот, А.С.(59) од тетовско Горно Седларце во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот и 30 минути, во близина на наплатната станица Тетово, бил каснат од куче кое има сопственик, информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Во средата на 2 септември 84 годишник има пријавено напад од куче на улицата „Благоја Тоска”, додека два дена претходно и 16 годишна девојка пријави каснување.

Бездомните кучиња се долготраен комунален проблем на општината. Во јули градоначалничката изјави дека бездомните кучиња, останува да се третираат од ветеринарна ординација која три пати досега има добиено тендер.

-За посеопфатно и системско работење преку соодветна служба или институција се размислува да се направи не како општина, туку во склоп на полошкиот плански регион, изјави тогаш градоначалничката Теута Арифи.

Првите два тендери беа по 600 илјади денари, а сега третиот сега тековен е на еден милион денари. /МИА

Advertisement

Свет

Песков: Тврдењата за воена агресија на Путин кон НАТО се целосна глупост

Москва, 9 декември 2025 – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска категорично демантираше тврдењата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз или да нападне земја членка на НАТО.

„Тоа не одговара на реалноста“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин повеќепати јавно истакнал дека обновување на Советскиот Сојуз е невозможно. „Да се зборува за тоа е непочитување кон нашите партнери, сојузници од ЗНД и другите форми на интеграција. Очигледно, господинот Мерц не знае за тоа“, додаде портпаролот на Кремљ.

Во однос на наводните подготовки за напад врз НАТО, Песков ја нарече оваа теза „целосна глупост“ и повика јавноста да се информира од примарниот извор – самиот претседател Путин.

Портпаролот исто така ги коментираше и мировните преговори во Украина. На новинарско прашање за контакти меѓу Русија и САД по средбата на Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џеред Кушнер, Песков потврди дека Русија е во постојан контакт со американската администрација и очекува резултати од дискусиите за мировниот план со украинската страна.

Continue Reading

Балкан

Албанија станува центар за мигранти на балканот?

Албанската Влада го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за периодот 2026-2028, со цел да ги подготви институциите за зголемените миграциски текови на територијата на земјата.

Според документот, прифатните центри нема да се концентрираат во еден град, туку ќе бидат распределени според мапата на миграциските текови и главните премини, особено во југoисточните и јужните региони – Корча, Ѓирокастро и Валона. Планот предвидува сместување на мигранти од Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа, кои Албанија и Србија ги користат како транзитна рута кон Грција.

Националниот план ја нагласува улогата на централните и локалните институции во управувањето со кризата, вклучувајќи итно сместување, храна, здравствена заштита и психосоцијална поддршка за мигрантите. Албанските власти посочуваат дека целта е да се гарантираат правата на мигрантите и ефикасно управување со тековите на миграција.

Албанија веќе има прифатен центар во Лежа, во пристанишниот град Шнѓин, и сместувачки камп во Ѓадр, кои, и покрај изградбата пред две години, не профункционираа поради одлуки на судот во Рим. Италијанската премиерка Џорџа Мелони, сепак, најави дека нивната работа наскоро ќе биде активирана.

Националниот план стапува на сила по објавувањето во Службен весник и ќе служи како правна основа за сите теренски акции за управување со миграцијата, при што се нагласува географската улога на Албанија во балканската миграциска рута кон Централна Европа.

Continue Reading

Балкан

Анкета: Огромни 83% од Грците уверени дека корупцијата владее во земјата

Шокантни податоци излегоа од најновата анкета на „Палмос Анализа“! Граѓаните на Грција се едногласни: Корупцијата е длабоко вкоренета. Дури осум од десет Грци (83%) сметаат дека феномените на корупција постојат во земјата во голема или прилично голема мера.

Уште подраматично, повеќе од една третина (38%) од анкетираните признале дека лично се соочиле со корупција во изминатите 12 месеци.

Анкетата, спроведена за Националниот орган за транспарентност (НТА), јасно покажува дека најчесто пријавуван сектор со 23% од испитаниците е здравството. Јавната администрација и Локалната самоуправа следат со 14%. Политиката е на трето место со 13% и Судството и Урбанистичкото планирање/Јавни работи се околу седум проценти.

Иако младите до 24 години начелно ја осудуваат корупцијата, „Катимерини“ пренесува дека таа нетолеранција избледува кога станува збор за лична потреба.

Интересно е што високообразованите граѓани имаат најмрачна перцепција: дури 64% од испитаниците со магистерски или докторски степен изјавиле дека корупцијата е присутна во многу голема мера. Само мизерни три проценти од Грците веруваат дека корупцијата е занемарлива.

Корупцијата добива најголема толеранција кога е поврзана со бизнис интереси, во односот бизнисмени-владини службеници за промовирање инвестиции и за поволни законски прописи кои „олеснуваат“ инвестиции кои ќе отворат работни места (дури и со значително влијание врз животната средина).

Се толерираат дури и интервенции за преместување на војници!

Администраторката на Националната академија на науките, Александра Рогаку, предупредува: „Овој феномен е меѓународно признат како една од главните причини за заминување на висококвалификувани млади научници од земји со висока стапка на корупција, во потрага по дестинации што нудат институционална стабилност, меритократија и еднакви можности.“

Грција се соочува со горчлива вистина: корупцијата не само што го нагризува системот, туку и ги брка најдобрите умови од земјата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг