Connect with us

Хуманост

На 80-годишнта баба Љубица од Скопје и е потребно храна и средства за хигиена – има желба и за нов телевизор

Published

on

Екипа од Канал 5 ТВ беше во посета и на домот на 80 годишна Љубица Лазаревска, која живее сама и со детска пар ализа уште од 3 годишна возраст..

Оваа 80 годишна бабичка секое утро се радува ако денот е сончев, и ги нема облаците. Стариот кров на бараката не ги издржува дождовите а веќе попуштаат и прозорците, без перници не може да се затворат.

Љубица од својата три годишна возраст живее со детска пар ализа, може да замине сама во тоалетот и кујната со потпирање и протезите на нозете. Со скромни примања не може да направи голема промена во домот.

Нејзе и е потребна и храна, средства за хигиена и некој да и помогне околу чистењето во домот.

„Лани кога започна да врне ми протече и водата влегуваше како од надвор. Имам комшија кој дојде и донесе две табли па го затвори тоа. Еве гледате, ставам перничиња до прозорите за да кога врне не влегува вода внатре“ раскажува Лазаревска.

Утринава во посета кај неа беше медицинската сестра од Црвен Крст Марина Бошњак. Таа четири пати во месецот доаѓа кај Љубица и проверува притисок и шеќер. За секоја здравствена промена го известува матичниот доктор.

„Таа се срами да ви каже дека бараката е стара и самите вие забележувате дека е така. Јас би сакала ова да изгледа малку поубаво, да се реновира и да има повеќе простор и да и биде полесно движењето“ изјави Бошњак

Кафе, муабет, насмевки и таа се радува на моето доаѓање и јас на човек како Љубица со толкави маки во животот што не ја изгубил насмевката, раскажува Марина.

Љубица во минатото шиела убави костуми и фустани ја сакала модата. Денеска сака да гледа телевизија и да следи што е убаво и модерно, но телевизорот што го има е расипан – една од желбите и е нов телевизор.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на Канал 5 ТВ.

Continue Reading

Хуманост

Уникатна слика од македонските фудбалски херои на аукција за помош на малиот Јаков

Published

on

Во изминатите неколку дена на социјалните мрежи на големо се споделува уште еден апел за помош во кој се вели:

Почитувани,Нашиот Јаков на само свои 2 годинки мораше да помине низ 2 тешки операции за два пати да му биде отстранет тумор, при што мораше да го изгуби и едниот бубрег. Заради специфичната моментална здраствена состојба, малиот Јаков мора ИТНО да замине во странство за да го продолжи своето лекување.

Поради тоа се потребни повеќе финансиски средства кои без ВАША ПОМОШ не е можно да се соберат.

ГОЛЕМИ СРЦА! АЈДЕ ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ НАШАТА ХУМАНОСТ И ДА ОВОЗМОЖИМЕ ЈАКОВ ДА ГО ЗАВРШИ ЛЕКУВАЊЕТО УСПЕШНО ЗА ДА МОЖЕ ПОВТОРНО ДА УЖИВА ВО СВОЕТО ДЕТСТВО!

ВЕ МОЛИМЕ ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНАВА ЖИРО СМЕТКА:Стопанска Банка – 20000 148 174 0176 – Елена Јанакиев IBAN – MK0720000 387 639 2077 SWIFT Cod – STOBMK2X

Со цел да се помогне на ова детенце Бобан Алексовски направи аукција на слика која содржи историски фудбалски шмек.

Ги испринтал сите 26 репрезентативци на Македонија со се селекторот кои беа дел од Европското и ги сместил во рамка. И тоа потпишани пред деби настапот против Австрија.

Станува за дигитален принт на платно, векторска илустрација со димензии од 172 цм x 129 цм во рамка и е единтвен уникатен примерок.

Почетна сума 1000€. Рок: 24 часа.

Continue Reading

Скопје

Станка од Скопје бара помош: Кога веќе државата не сака да ми помогне, нека дозволи луѓето да ми помогнат

Published

on

42- годишната Станка Димова е сопруга и мајка, детството го поминува со неколку преселувања, поради разединувањето на нејзините родители.

– Еден ден се беше затнала кадата, и отидов до маркет купив солна киселина и отидов да става за да ја одзатнам, отидов и ставив.

– Почувстував голема бол ка во главата и тоа е последно што се сеќавам, а потао се разбудив во болничкиот кревет со изгореници.

– 70 проценти од телото ми беше изгорено, Бог сакал да преживеам, никогаш не би ни помислила да посегнам по својот живот, вели во солзи Станка.

– Сум имала проблеми и претходно, но сега, навистина тешко, да те гледа ќерката како се храниш преку цевка е неописливо и многу жално.

– Синот цело време ме прашува мамо кога ќе ти го тргнат тоа, кога ќе ти биде потребно, сето тоа не е за пред очи на детето да се гледа.

– Долгов време бев во болница некаде околу 2 месеци, во сите можни установи, а откако ми ја ставија цевката, килажата нагло ми падна.

– Многу е тажно кога си го храниш детето и да неможеш да го пробаш тоа што му го даваш, бидејќи изгорениците се до грлото.

– Си го хранам детето и си плакам, поголем грев од тоа нема, му ставам на маса и се тргам да не гледам, за да не плачам пред него, вели оваа храбра мајка.

– И храната што ја внесувам не смее да биде зачинета или со некоја силна арома, односно мора да биде лесна храна, бидејќи сонтата е поврзана со тенкото црево и оди директно.

– Неможам да стојам многу долго, морам да лежам, цело време во овој кревет сум, се случувало и по еден месец да не сум се бањала.

– Многу ми е тешко да отидам до бањата и мора да одлепувам многу и да внимавам многу, а пак хранењето е исто така исцрпувачко, морам по малку.

– Има можност со која животот би ми се променил а тоа е операција во Белград која е специјализирана за вакви случаеви.

– Но нашите овде немаат слух за мене, ме игнорираат, хуманитарната организација ,,Љубезност,, прати допис до болницата а тие кажаа дека од 17 до 19 илјади евра е само зафатот.

– Голема желба ми е да ми дозволат да отворам трансакциска донаторска сметка, каде не ми помагааат, каде не ми даваат ниту да отворам сметка, со која можеби некој друг би ми помогнал.

– Се надевам сеуште има добри луѓе во земјата, со чија помош би отишла на операција и би била поддржка за синот и да го исраснам.

Целиот текст за несреќната животна сторија на Станка на Кластер.мк

Continue Reading

Хуманост

Итно е потребна крв А+ за бранител од 2001 година

Published

on

Итно е потребна крв од А+ крвна група за Andon Karlos Popcotrov кој ќе има две операции во Систина. 

Секој кој сака да помогне може да даде крв во клиниката за трансфузиологија (во државна болница). Треба и да се наведе за кого е дадената крв, стои во објавите на социјалните мрежи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: