Connect with us

Приказни

Тато ми беше идол и најдобар пријател, а ми остави и еден аманет – Дамјан, синот на Војо Стојаноски

Published

on

Дамјан растеше со народната музика, синот на легендарниот Војо Стојаноски лани направи сериозен пробив на домашната фолк-сцена. Тој ја сними својата прва песна на 17 години и заеднички ја отпеа со Војо на фестивалот ,,Гоце Фест’’. Од пред три години активно се занимава со музика, има редовни настапи, снима песни и спотови.

,,Продолжувам во духот на македонската народна песна и ќе го негувам тој мелос. Знам дека татко ми би бил горд на мене и тоа ми е дополнителен мотив да се посветам со уште поголема страст на музиката’’- раскажа за ,,Фокус’’ минатиот месец.

За неговиот татко кој почина на 6 мај 2014 година, на само 20 дена пред неговата матура, пред неколку месеци за „Женски Магазин“ зборуваше во суперлативи.

– Ми беше најдобар пријател, ментор и идол. Неговите дела никогаш нема да бидат заборавени. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележително, па планирам да ги оживеам – ни откри тој.

Војо Стојаноски остави голема трага во македонската народна музика. Дамјан вели дека бил одличен родител.

-Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот. Мислеше дека ќе може да даде уште многу во музиката и планираше солистички концерт. За жал, не успеа да ги реализира тие идеи – ни раскажа пејачот.

Дамјан студира на Факултетот за музичка уметност во класата на Горан Нацевски на отсек-соло пеење. Вели дека воопшто немал дилема која професија да ја одбере бидејќи отсекогаш ја сакал музиката. Фолк-ѕвездите го знаат од дете, но сега го прифаќаат како нивен колега.

Извор: Женски магазин

Continue Reading

Приказни

4-годишно момче од Скопје ја скрати косата за да ја донира плетенката за деца болни од рак

Published

on

Имено, 4-годишното момче за првпат ја скрати својата коса и плетенката ја донираше за изработка на перики за деца болни од рак.

Неговиот татко Александар Донев сподели фотографии на Instagram од моментите на кратењето на косата.

„Дарин реши да се шиша за прв пат од кога е роден и ја донира косата за изработка на перики за деца болни од рак“ – напиша тој во описот.

Continue Reading

Приказни

“Убавината ќе згасне со времето, но срцето и душата секогаш ќе бидат исти”

Published

on

Маж се оженил со убава девојка. Многу ја сакал. Еден ден ѝ се појавила ретка кожна болест и таа полека почнала да ја губи убавината. Само што се случило ова, нејзиниот сопруг заминал на турнеја. По враќањето, кога ја погледнал го изгубил видот. Сепак, нивниот брачен живот продолжил како и обично. Како што поминувале деновите, таа ја губела убавината, ама слепиот сопруг не го знаел тоа и немало разлика во нивниот заеднички живот. Тој продолжил да ја сака.
Еден ден таа починала. По погребот, го прашале тажниот сопруг како сега ќе се движи сам кога повеќе не е неговата сопруга на овој свет да го придржува и да му помага?
Тој одговорил: „Не сум слеп. Глумев затоа што ако знаеше дека можам да ја гледам ќе беше уште потешко за неа. Не ја сакав само поради нејзината убавина, се заљубив во нејзината грижлива и сакана природа. Затоа се преправав дека сум слеп. Само сакав таа да биде среќна”.
Наравоучение: Кога вистински сакате некого, одите до крај за да го задржите вашиот сакан среќен. Понекогаш е добро за нас да се правиме слепи и да ги игнорираме работите.Убавината ќе згасне со времето, но срцето и душата секогаш ќе бидат исти.Сакајте ја личноста поради она што е внатре, а не поради надворешната убавина.

Ако го читате ова до крај, споделете ја во некоја група оваа прекрасна приказна ❤

Continue Reading

Приказни

Дело за поздравување: “Денес на паркинг ми ја изгребаа колата. Пријатно се изненадив“

Published

on

Денес на паркинг ми ја изгребаа колата. Пријатно се изненадив кога го најдов ливчето. Се уште има поштени луѓе. П. С. Се слушнав со дечкото. Нема штета голема. Така да.. Све е ок. Ќе части едно кафе некогаш

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: