Connect with us

Инфо +

Вевчанските супер бабички – Галерија

Published

on

Инфо +

Комитите тргнаа за Крушево, со нив и две девојки 👌

Published

on

Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, по повод најголемиот македонски национален празник ,,Илинден”, по 43-ти пат го организира Илинденскиот коњанички марш Горно Лисиче – Крушево, на кој оваа година ќе учествуваат дваесетина коњаници од различна возраст, меѓу кои и две девојки.

На чело со Лазар Кучера овогодинешниот војвода скопската чета го започна Илинденскиот марш 2021, дваесетината момци и две дами тргнаа за Крушево од Црквата Свети Петар и Павле од Горно Лисиче.

Маршот започнува во вторник, 27 јули, од паркот „Јане Сандански“ во 17:30 часот. Со дефиле низ главните булевари во Аеродром маршот ќе се упати кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче во 18:30 часот каде што ќе се одржи народен собир проследен со културно-уметничка програма со настап на музичките групи „Некст тајм“ и триото „Џентлмен“ и каде што поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан ќе даде благослов за коњаниците.

43 години достојни на заветот на нашите предци:
,, Кога ќе порасните да одите во Крушево, да се поклоните на славните илинденци, на славните Македонци кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на својата држава – МАКЕДОНИЈА! “

Continue Reading

Македонија

Радувај се Македонијо, се гледаме на плоштад!

Published

on

По успесите на дел од нашите спортисти во индивидуалните спортови и националните селекции во спортовите со топка, Македонија од денес има нова спортска икона, нов олимпионик со кого се гордее.

„Го имаме најголемиот историски успех откако нашата Македонија е независна. Браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска македонска спортска икона, ти си идолот на новите генерации!

А тебе докторе, тебе Борче Костовски, за тебе имам неколку збора: Ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад не може со збор да се опише. Тоа е за филм. Тесно финале, недосуден чист удар во глава, но спортот знае да биде суров. Сребро на Олимписки игри во фулконтактен боречки спорт е сон со кој јас и мојот брат живееме откога постои ТК Буте.

Македонија, радувај се. Се гледаме горди и доистоинствени на плоштад!“, напиша Дарко Костовски

Continue Reading

Инфо +

52-годишна жена се породи во Гинекологија Чаир👏

Published

on

Во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, во скопската општина Чаир, се породи 52-годишна жена од Кочани, дознава „Слободен печат“.

Целата процедура, од ин витро оплодување до породување, е извршена од страна на д-р Зоран Илиевски и целиот тим на болницата.

Патем, ова е прва бременост на родилката која на свет донесе здраво девојче.

Исто така, пред неколку дена во истата болница се породи и 50-годишна жена која 27 години се соочувала со стерилитет.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: