Connect with us

Инфо +

Повторно поевтинија горивата

Published

on

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинија за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи вчераРегулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 58,50 денари, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 60,50 денари за литар.

Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство чинат 49 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,407 ден/кг со што сега се продава по цена од 24,549 ден/кг

Continue Reading

Инфо +

Децата кои немаат компјутер ќе добиваат печатени материјали од училиште

Published

on

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на здравствената криза ќе добијат можност за учење како и останатите деца, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

Доколку детето нема уред да следи настава онлајн, ќе може наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наставниците предаваат на другите деца преку онлајн платформата. Исто така, за децата, чии родители се изјасниле дека не сакаат да ги пуштаат во училиште со физичко присуство, а немаат уреди, во Планот е предвидена опција да добиваат печатени материјали. Овие материјали ќе се доставуваат на родителите од страна на наставниците според сите мерки и протоколи за заштита од болеста.

Се разгледува можноста за целодневна настава во училиштата
„За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени“, соопштија од МОН.

Наставниците ќе имаат обврска редовно да комуницираат со децата и нивните семејства и да следат колку напредуваат во учењето.

Извор: Радио Слободна Европа

Continue Reading

Инфо +

Во Скопје за еден ден санкционирани 384 возачи, 138 фатени на радар

Published

on

Во главниот град вчера 21 лице возеле без дозвола, а 20 возачи возеле неисправни возила, бележи билтенот на полицијата кои во текот на вчерашниот ден санкционирале 384 возачи.

Како што соопштија од МВР, во текот на вчерашниот ден за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 138 прекршоци, 20 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли и еден четирицикл. За непрописно паркирани возила иречени се 88 мерки, а 72 возила се подигнати со пајак. Изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска.

Од полицијата информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Continue Reading

Инфо +

Пуштени 500 златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигнитет

Published

on

од мотото „Убаво е да си херој“, 500 волонтери денес на Плоштадот Македонија пуштија 500 златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигнитет. Настанот во организација на Детската клиника и невладината организација САНО е по повод „Златен септември“, месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети, објави sdk.mk.

Балоните беа пуштени во знак на поддршка и подигнување на свеста за карциномот кај децата и адолесцентите и проблемите со кои се соочуваат со цел јавноста подобро да ја разбере болеста и да ги ослободи децата од предрасуди.

„’Златен септември’ е месец кога треба да се зборува за малигните заболувања кај децата, да се подигне свеста за сите аспекти на оваа борба и за време на престојот во болницата и по враќањето во домашната средина по лекувањето.  Златната боја е боја на силата, храброста и упорноста, и е симболична боја за нашите мали, големи херои. Ракот во детството остава длабоки и трајни последици врз растот и развојот на децата, како и врз целото семејство и за жал, оваа малигна болест ги погодува децата од сите возрасти. Борбата низ која поминуваат децата, како и нивните семејства е болна, тешка и долга“, велат од Клиниката за детски болести.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: