Connect with us

Истражување

Човек носел 3мија како заштитна маска во автобус (ВИДЕО)

Published

on

Патникот и неговата рептилска маска, која била обвиена околу неговиот врат и уста, биле видени во автобус од гратчето Свинтон кон Манчестер.

Една патничка изјавила дека ѝ се причинило дека мажот носи некоја „чудна маска“, сè додека не забележала дека „маската“ ползи над држачите.

Наскоро се огласија и властите во Манчестер, кои потврдија дека змиите не се адекватен начин за покривање на лицето, вели Би-би-си.

Жената-сведок на чудниот настан, која побарала да остане анонимна, вели дека инцидентот бил „многу смешен“, нагласувајќи дека животното не вознемирило никого од патниците.

„На никого око не му трепна“, рече таа.

Continue Reading

Истражување

Решението е многу едноставно: Петок, Сабота и Недела – целосен карантин

Published

on

Епидемиолог со едноставно решение за надминување на „пикот“ односно високиот број на заболени еве како би звучело едноставното решение:

Решението е многу едноставно: од Понеделник сабајле до Петок попладне, идеш на работа, маркет, улица… држиш дистанца од СЕКОЈ и носиш МАСКА!Петок, Сабота и Недела – целосен карантин со војска и полиција на улица!Доволни се 10 до 30 дена со оваа мерка.

Continue Reading

Истражување

Истражување: Секој оној кој прележал корона „остарел“ за 10 години

Published

on

Луѓето кои се опоравуваат од ефектите на коронавирусот можат да претрпат сериозно оштетување на функциите на мозокот, а во најлоши случаи може да се појави штета што е еднаква на нагло стареење на мозокот за десет години, предупредија во средата истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Студијата сè уште не поминала на рецензија, а била направена врз 84.285 опоравени од ковид 19, пренесува канадски Глобалњуз.

Истражувачкиот тим е предводен од Адам Хемпшир, кој рече дека во некои потешки случаи, ковид 19 предизвикува сериозни когнитивни дефицити во текот на неколку месеци.

Continue Reading

Истражување

Германија оди во карантин: Смее да се излегува од дома само со членовите од семејството

Published

on

Германските сојузни и покраински влади денеска се согласија за делумно „затворање”, така што баровите и рестораните ќе бидат затворени од 2-ри до 30 ноември, пренесуваат странските агенции.

Врз основа на делумното „затворање”, продавниците ќе можат да останат отворени доколку ја почитуваат мерката за физичка дистанца, дозволувајќи простор од 10 квадратни метри по лице.

Претходно, германскиот весник „Билд” објави дека германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на федералните покраини договориле нови мерки во борбата против коронавирусот но дека сè уште не биле официјално објавени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: